Судот ќе бара потврда дали лицата кои го вештачеле дедото на Тамара имале лиценци

Одложено е денешното судење за обидот за убиство на дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, бидејќи Апелациониот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на дедото на Тамара. Сега, судот до наредното рочиште на 14 февруари од Министерството за правда треба да добие документ кој ќе потврди дали лиценците на вештаците се нови или се продолжени.

Судењето почна од почеток поради промена на судискиот состав. Адвокатката на обвинетиот, Павлина Зефиќ, рече дека останува на приговорот дека дедото на Тамара го вештачеле лица со истечени лиценци.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

В.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари