ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ БАРА НОВ МАНДАТ

Стевчо не го дава Карпош!


- Повеќе од 85 отсто од ветените проекти пред граѓаните се реализирани, и слободно можам да кажам дека граѓаните на Општина Карпош се задоволни од работата на општинската администрација и од мене како градоначалник. Граѓаните се тие кои ја даваат довербата на избори и убеден сум дека ние нивната доверба сме ја залужиле и повторно ќе ја побараме, појасни градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош. Кандидатурата официјално ја објави вчера од Бардовци каде што изврши увид во реконструкцијата на патната инфраструктура во ова населеното место. Градоначалникот потенцираше дека општинската администрација и самиот тој како градоначалник на Општина Карпош во континуитет работат и ги решаваат проблемите на граѓаните на локалната самоуправа, и дека тоа не е случај само пред избори.

- Доказ за тоа се објавените тендерски постапки, преку кои ние ги реализираме проектите кои се од корист за карпошани. Општина Карпош секогаш низ годините се наоѓа или на првото место по сработени проекти, или меѓу првите три општини од сите општини во Република Македонија, вклучувајќи го и Град Скопје.

Градоначалникот Јакимовски прецизираше дека во изминатите четири години се изградени над педесет фасади, заменети голем број покриви и лифтови, изградени детски паркови, плоштади, заменета и поставена над осумдесет километарска фекална и атмосферска канализација, целосно реконструирани детските градинки и основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општината и дека сето тоа е резултат на постојаниот ангажман на општинските служби.

-Повеќе од 85 проценти од ветените проекти пред граѓаните се реализирани, и слободно можам да кажам дека граѓаните на Општина Карпош се задоволни од работата на општинската администрација и од мене како градоначалник. Граѓаните се тие кои ја даваат довербата на избори и убеден сум дека ние нивната доверба сме ја залужиле и повторно ќе ја побараме, објави градоначалникот.

Инаку, деветнаесет улици со вкупна должина од 1.800 метри во Бардовци, Општина Карпош се поплочени, нагласи Јакимовски кој вчера изврши увид во градежните работи. Инвестицијата е со вкупна вредност од 8.100.000 денари, а финансиските средства се одвоени од буџетот на локалната самоуправа. До крајот на мандатот, најави Јакимовски, ќе бидат поплочени улиците: 10, 12, 14, 16, 18 и 19, а изведувач на оваа инвестиција е фирмата "Агроселце#.

-Со поплочувањето и со асфалтирањето на улиците, населбата Бардовци ќе биде целосно урбанизирано населено место. Граѓаните кои живеат во овој дел на општина Карпош, исто така ќе имаат решени инфраструктурни услови за живеење, токму онака како што имаат жителите на Тафталиџе, Влае, Карпош 3, 4 и сите останати урбани заедници кои се наоѓаат на територијата на Карпош, истакна првиот човек на Општина Карпош, Јакимовски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари