ОПШТИНА ЦЕНТАР

Спомен обележја за Карпош и Мисирков

Советниците на Општина Центар ги поддржаа иницијативите за поставување на спомен обележјата за Карпош и Крсте Петков Мисирков во централното градско подрачје.
Спомен обележјето на македонскиот војвода Карпош кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумановскиот крај и се борел против турските феудалци - паши, (Карпошевото востание) ќе биде поставена на Камениот мост.

Токму таму каде што по задушувањето на востанието бил заробен, набиен на колец, избоден со копја, па фрлен во реката Вардар. Иницијативата за подигање на спомен обележјето потекна од Минситертвото за култура , согласно со заклучокот на Владата на РМ. Во следниот период ќе биде објевен конкурс за идејно решение на спомен плочта. Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на РМ.

Спомен обележјето-скулптурата на Крсте Петков Мисирков изработена во бронза на Боро Митриќески ќе го краси плоштадот Пела. Иницијатор за подигање на споменикот е Фондацијата Рамковски.

(Е.А.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари