ПЕТДНЕВЕН КУРС

Спасувачите од Карпош на обука во Црвениот крст во Струга


Припадниците на единицата за заштита и спасување од Општина Карпош, заминаа на петдневна обука во Солферино центарот за обука и едукација при Црвениот крст во Струга

Во рамките на обуката, спасувачкиот тим од Општина Карпош ќе се стекне со нови теоретски и практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како на пример, земјотреси, урнатини, пожари и поплави.

Професионалната обука ќе ја спроведат неколку државни инструктори од Црвениот крст - Скопје и еден меѓународен инструктор, а меѓу останатото, стручниот тим од Карпош ќе се обучи за делење на хуманитарна помош и пружање на неодложна прва медицинска помош. Општина Карпош е единствена локална самоуправа во Република Македонија која располага со сопствена единицата за заштита и спасување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари