ЈП Комунална хигиена во акција веднаш по натпреварот

Собрани 30 тони ѓубре, најмногу лименки

Веднаш по завршувањето на Супер купот на УЕФА, во текот на завчерашната ноќ екипите на ЈП "Комунална хигиена"-Скопје започнаа со чистење на плоштадите Македонија, Филип Втори, Богородица, Мајка Тереза и ВМРО, како и пошироката околина на Градскиот стадион

Во акцијата биле ангажирани 60 работници, додека од механизацијата се употребуваа: две големи метлачки, едно специјално комунално возило - пијаџо, едно специјално комунално возило - кипер и три автоцистерни.

Само за неколку часа се собрани над 30 тони ѓубре и тоа најмногу лименки.

Екипите на ЈП "Комунална хигиена"-Скопје ја расчистиле и улицата Самоилова и платото пред црквата Св. Спас под Скопското Кале, каде што се одвива манифестацијата Пивофест. Вчерашната акција претставува завршница на едномесечните активности што ЈП "Комунална хигиена"-Скопје ги спроведуваше во пресрет на Супер купот на УЕФА, од 11 јули 2017 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари