Скопска ароганција: Погледнете каква бебиситерка бара ова скопско семејство!

Семејство од Скопје има високи критериуми за дадилка. Во огласот објавен на веб страната Пазар 3, тие бараат дадилката која ќе се грижи за нивното дете во с.Горно Соње, а од неа бараат да има завршено високо образование, да е писмена, одлично да говори македонски јазик, да е одговорна, дискретна, динамична и позитивна личност, а за возврат нудат дневница од 600 до 800 денари.

Еве што конкретно ова семејство бара од кандидатите:

Возраст над 23 год
Завршено високо образование или апсолвент
Одговорна, дискретна, динамична и позитивна личност
Без било какво криминално минато
Искуство во грижа, воспитување и подучување на деца
Писменост за учење и применување на соодветни знаења, методи и техники за градење на детска личност од најрана до предучилишна возраст
Одлично познавање и говорење на литературен македонски јазик
Одлично филолошко познавање на основите на странски јазици
Способност за извршување на сите дејности во домаќинството сврзани со гледање на деца од најрана до предучилишна возраст
Креативност, грижливост и внимателност во работата
Беспрекорна лична хигиена
Возачка дозвола и возачко искуство
Опис на работата:
Грижа за потполно здраво девојче на 1 г. и 7 месеца
Нов дом во Горно Соње со двор
Приготвување на храна и хранење
Одржување на хигиена за детето и поставување на принципи и воспитување за пазење на личната хигиена на детото
Поставување и исполнување на програма за развивање на определени умствени и физички способности кај детето
Комплетно средување на облека, играчки, помошен мебел, прибори, материјали и друго сврзано со детето
Работно време 3 – 5 дена седмично, дневница 600-800 ден.

Огласот е објавен на Пазар3

Поврзани

Најнови вести

Коментари