Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември денеска ќе биде одбележан со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Aнтифашистичката војна на Македонија.

Предвидено е делегација на Собранието и на Градот Скопје да положат цвеќиња пред Споменикот на Ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред Споменикот на Генерал Михајло Апостолски. Цвеќиња ќе бидат положени и на Споменикот на ослободителите пред Владата. Традиционалната крводарителска акција на Црвениот Крст на Град Скопје се одржува од 9 до 17 часот во домот на хуманитарната организација „Даре Џамбаз“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари