Скопјани на протест ќе бараат чист воздух

Жителите на главниот град ќе организираат протест поради високото ниво на загаденост на воздухот, а истиот е најавен за утре (сабота, 16 декември) во 12 часот пред Владата на РМ.

Протестот кој е најавен и со настан на социјалната мрежа Фејсбук ќе се организира под мотото „Станете за чист воздух“, при што е наведено дека иницијативата не потекнува од ниту една политичка партија туку од граѓани кои се загрижени за своето здравје.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституциии меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на роба, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“, група родители од Скопје предупредија дека од 20 декември нема да ги носат децата на училиште. Целта е им е да го привлечат вниманието на надлежните за да го решат проблемот со енормното загадување во главниот град. Попладнево, родителитете за оваа најавена постапка добија поддршка и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ од каде побараа децата итно да се пуштат на распуст, а помалите да не одат во градинка.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари