Шилегов ќе го продава наследениот мерцедес од Трајановски

Скопскиот градоначалник ќе го продава „мерцедесот" што го наследи од неговиот претходник, Коце Трајановски. Според Петре Шилегов, возилото речиси да не е функционално. Произведено е 2003 година, дизел, било небезбедно, со поминати 14.000 километри, а ја загрозувало и животната средина.
Извесно е дека возилото ќе се продава на јавно наддавање. Допрва треба да се направи проценка, која би била неговата почетна цена.

„Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно", истакна Шилегов на брифинг со новинарите.

Во меѓувреме, скопскиот градоначалник, за службени потреби најчесто го користи сопственото возило. Во иднина, како што неодамна напоменаа од Градот, градоначалникот нема намера да набавува луксузно возило. Не е исклучена можноста, возниот парк на Град Скопје да се прошири, но со возила за потребите на администрацијата. Во тој случај, би се купиле електромобили или екоавтомобили.

Инаку, мерцедесот што го користеше Трајановски, всушност, беше доделен на користење на Град Скопје од страна на Агенцијата за одземен имот. Откако под притисок на јавноста Трајановски се откажа од набавка на нов луксузен мерцедес, за службени потреби доби возило отстапено од Агенцијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари