ЗАПОЧНА "ПИВОЛЕНД 2017"

Шест дена со 100 вида пиво, музика и фудбал!

На годинешниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Трибуте то Беѕонце, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера

Од вчера 7 август, до 12 август на Скопското Кале по десетти пат се одржува традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво "Пиволенд 2017".

Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Покрај музиката, овој Пиволенд ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот - фудбалот. Околу 100 вида пиво, музика и фудбал - одлична комбинација за незаборавно доживување по десетти пат на Скопското Кале.

На годинешниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Трибуте то Беѕонце, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.

Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.

Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност ќе започне и големата летна забава "Супер Скопје", која ќе се одржи на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата скопска чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа, на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра летна забава.

Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, од Град Скопје најавуваат и голем број изненадувања.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари