УГОСТИТЕЛИТЕ И КОЦЕ КРОЈАТ ПЛАН

Се спрема супер забава за Супер купот!


- Целта е во месец август да понудиме одлична забава во Скопје. На 8 август во Скопје ќе се одржи Фудбалскиот Супер куп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и практично од тогаш ќе започне големата забава во Скопје, истакна, градоначалникот Трајановски

Скопските угостители и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кројат план за подобрување на забавниот живот во метрополата во лето и особено за август месец кога се одржува Супер купот. Идејата потекнува од газдите на локалите со цел да им се излезе во пресрет со нови содржини на гостите кои по повод досега најголемиот спортски настан што ќе се случи во Македонија ќе ја посетата метрополата. Градоначалникот Трајановски веќе неколкупати се има сретнато со угостителите. Идеите се презентирани, но засега не се открива кои новини ќе се воведат во забавниот живот.

- Една од насоките каде што доминираа нивните предлози се дека треба да се зголеми културно-забавната понуда, пред се во летниот период. Сметам дека на овие средби тие ни дадоа голем број одлични и супер идеи, кои во наредниот период ќе ги разгледаме и повторно ќе се сретнеме со конкретни насоки за да ги реализираме истите. Целта е во месец август да понудиме одлична забава во Скопје. На 8 август во Скопје ќе се одржи Фудбалскиот Супер куп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и практично од тогаш ќе започне големата забава во Скопје. Сметам дека сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат нашиот град, ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини - кажа градоначалникот.

Хасан Даутовиќ од ресторанот „Аустриан Палаце" во Старата скопска чаршија рече дека ги претставиле своите идеи и барања за подигнување на ноќниот живот во Скопје.
На средбата присуствуваа десетина сопственици на угостителски објекти од различни локации во Скопје, кои истакнаа дека имаат одлична соработка со Град Скопје.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари