Сарај

Се реконструира главната улица во Глумово

Градежните работи на реконструкцијата на главната улица во населеното место Глумово во Општина Сарај започнаа од вчера

Со овој проект е предвидена реконструкција на коловозот на оваа улица, од влезот на Глумово до точката каде што се двои патот за Горна и Долна Матка. На овој потег, којшто е во должина од околу 1.000 метри, ќе се изврши отстранување на горниот слој и ќе се нанасе нов асфалт, а ќе се реконструираат и тротоарите на естата каде што ги има.

- Сметам дека станува збор за исклучително важен проект, бидејќи станува збор за пат којшто е од голема важност за жителите на Грумово и од повеќе други населени места кои го користат секојдневно, но и за сите посетители на спортско рекреативниот центар Матка - кажа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Градоначалникот на Сарај, Беким Мурати изјави дека соработката со Градот Скопје е одлична и дека истата резултирала со голем број реализирани проекти со кои е подобрен животот на жителите на Општина Сарај.

Работите на терен ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта", а за реализацијата на овој проект Градот Скопје ќе издвои 10 милиони денари. Се очекува реконструкцијата на главната улица во Глумово да биде завршена за околу 2 месеци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари