Се палат контејнери низ Скопје, и се загадува дури и за празници

Продолжува потпалувањето на градските контејнери и во денови кога загадувањето на воздухот е на највисоки ниво. Во изминатите години според статистиките се подметнати стотина пожари од кои барем половина е утврдено дека се намерно предизвикани. Најпроблематични се пластичните контејнери на Комунална хигиена Скопје кои целосно горат што се нанесува двојна штета, ем воздуот се загадува, ем граѓаните потоа немаат каде да го фрлат сметот.

Во последното тромесечие од 2017 година од страна на противпожарната единица на Град Скопје извршени се 48 интервенции, од кои како намерно палење запишани се 42 интервенции на контејнери. Во 2018, од вкупно 17 интервенции дури 11 се евидентирани како намерно палење. Притоа, изминативе 4 месеци предизвикана е штета од околу 700 000 денари, односно повеќе од 11илјади вреден имот на граѓаните.

„Изминатиов период забележано е зголемување на бројката на запалени, а воедно и бројката на намерно запалени контејнери, особено во вечерните часови. Има случаи во коишто цел ред контејнери е запален наеднаш. Граѓаните пријавуваат вакви случаи во кол-центарот на телефонскиот број 193, по што Противпожарната единица веднаш реагира, меѓутоа, се предизвикуваат големи штети. Најчести вакви случаи има во централното градско подрачје, каде што е најмала концентрацијата на семејства кои се затоплуваат на дрва, што ја исклучува можноста пожарот да е предизвикан од остатоци од жар" посочуваа од Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.

Од Град Скопје истакнуваат дека постојат индиции кои упатуваат на тоа дека несовесни граѓани постојано ги палат контејнерите, а материјалната штета која ја предизвикуваат најчесто е на товар на градот, бидејќи сторителите не се познати.

Надлежните од Градот апелираат до граѓаните да ги пријавуваат сторителите бидејќи контејнерите за смет се опрема која на сите им е потребна, а несовесното однесување треба да биде казнето.

Поврзани

Најнови вести

Коментари