Кисела Вода

Се менува ламинатот на градинката "Сончоглед"

Општина Кисела Вода информира дека се реконструира градинката "Сончоглед" на улицата "Локов", која е дел од Јавната детска градинка "Весели цветови"

Реконструкцијата на градинката, која изнесува околу 900.000 денари, опфаќа промена на ламинатот на површина од 800 метри квадратни, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон.

Општина Кисела Вода соопшти дека ова е прва фаза од целосната реконструкција на објектот, кој датира од 1975 година и во кој досега немало покрупен реконструктивен зафат. Втората фаза од реновирањето ќе се реализира до крајот на 2017 година и ќе опфати санација на тоалетите. Третата фаза ќе се реализира во 2018 година и ќе опфати реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, која изврши увид во реконструктивните зафати на градинката истакна дека ќе се подобрат условите за згрижување на околу 260 деца.

- Изградивме три нови градинки, во Припор, Пинтија и Црниче, токму на местата каде досега на територијата на општина Кисела Вода воопшто и немало се со цел да се излезе во пресрет на потребите на жителите за згрижување на децата од предучилишна возраст, изјави Беличанец Алексиќ.
Директорката на ЈДГ "Весели цветови", Валентина Божиновска нагласи дека со реконструкцијата се подобруваат условите за работа на персоналот и условите за згрижување на најмладите жители на општината.

Поврзани

Најнови вести

Коментари