Во Реонски центар Аеродром

Садење ели во рамки на 19. акција на „Ден на дрвото“

Со засадување семе од ела во дворот на основното училиште „Александар Македонски" во Реонски центар Аеродром денеска ќе се реализира 19. акција на „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!" и шестата „Садница плус"

Под мотото „Од семче до дрвце - Ден на дрвото" почнува одбележувањето на јубилејот, десетгодишното постоење во низа на акцијата „Ден на дрвото".

Освен учениците, семе ќе садат и децата од градинката „Буба Мара", клон „Сонце". Семе ќе се сади во сите основни училишта во Република Македонија, во рамки на одделенскиот час без да се наруши наставниот процес.

Предвидено е да присуствуваат претставници на граѓанското здружение „Ден на дрвото - засади ја својата иднина", од повеќе министерства, од Град Скопје, општина Аеродром, јавните претпријатија „Македонски шуми" и „Паркови и зеленило.

Семето од ела за оваа акција е собрано во Националниот парк „Пелистер".

Поврзани

Најнови вести

Коментари