Разбојник со закана со пиштол утрово ограбил банка

Утрово во 08.45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека бил извршен грабеж во експозитура на „Стопанска банка“ на булеварот „Јане Сандански“.

Според информациите од полицијата, непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел сума на пари од околу 320.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари