Кисела Вода ги наброја проектите

Прва градинка, реновирано училиште и улици во Црниче

Во изминатиот четиригодишен период, Општина Кисела Вода има инвестирано во бројни проекти во Црниче

Реконструирани се повеќе улици, изведени се тротоари, а одговорено и на дел од најголемите барања и потреби на жителите од овој дел на градот, темелна реконструкција на ПОУ "Кузман Јосифовски Питу" и отворена првата градинка во Црниче - "Перуника".

Во училишниот објект на ПОУ "Кузман Јосифовски Питу" , целосно се реконструирани кровот, фасадата и столаријата, инвестиција вредна 6.000.000.00 денари. Дополнителни 730.155 денари од буџетот на локалната самоуправа се вложени во изградба на ограда и настрешница за истиот објект.
-Спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност кои тука беа неопходни бидејќи истиот пред реконструкцијата имаше мошне незавидни услови за дечињата кои тука го поминуваат работниот ден, беше заокружено со замена на системот за загревање со целосно еколошки. Имено, во овој објект беше поставен котел за загревање со помош на биомаса, наместо како досега со нафта. Инвестицијата вредна 4.195.700,00 денари освен што нуди финансиски заштеди, е изнвестиција и во здрава животна средина, бидејќи ваквиот начин на загревање вооопшто не ја загадува животната средина. Воедно, ова е првиот јавен објект во Македонија во кој е применет ваков целосно еколошки метод за загревање, велат од Кисела Вода.

Градежните активности во овој објект се продолжени со адаптација на просториии за изведба на детска градинка. Инвестирани се 3.700.000 денари, за отворање на објектот "Перуника" кој е во склоп ЈДГ "Весели Цветови". Оваа градинка има капациитет да прими 50 дечиња. Дополнителни средства се потрошени за нејзино ентериерно уредување, а потоа во стакленикот на истата е изведено и детско игралиште за кое се издвоени 415.000 денари.

- Во поглед на реконструкцијата на улиците низ Црниче, ќе ја издвоиме реконструкцијата на ул. Христо Узунов со тротоари во должина од 100 метри што чинеше 1.423.078.00 денари, поставувањето на тротоари на улицата Рилски конгрес во должина од 680 метри во износ од 3.621.711 .00 денари. Беше извршена реконструкцијата на торотоарите на ул Наум Охридски, проект вреден 473.784.00 денари. Реконструирана беше и улицата Жванска во должина од 100 метри, за што беа потрошени 629.884.00 денари, додека за оваа иста улица беа инвестирани 1.096.663.000 денари за изградба на фекална канализација, посочуваат од општината.

Со адаптација на простории на ул.Востаничка"" бр. 59 пензионерите, пак, добија свој пензионерски клуб .

Поврзани

Најнови вести

Коментари