МВР: На Супер купот без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир

Приведени 14 лица, таксист одзел 400 евра и златен ланец од Британец

Безбедноста на граѓаните и учесниците во Суперкупот на УЕФА кој вчера се одржа во Скопје не била загрозена и не се регистрирани сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по состанокот со оперативниот штаб со кој раководел директорот на БЈБ

Министерот информираше дека се приведени 14 лица од кои шест странски и осум македонски државјани. Во три случаи на препродавање билети од Суперкупот, за тројца странски и двајца македонски државјани ќе бидат поднесени кривични пријави за недозволена трговија. На двајца македонски државјани им е издаден записник за прекршок по Законот за трговија кои продавале шалови со натпис на екипите учеснички во Суперкупот.

Министерот соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на таксист кој на дрзок начин извршил тешка кражба врз британски државјанин од кој одзел 400 евра и златен ланец. Забележано е, рече тој, и спречување на службено лице во вршење службено дејствие од вработен во Агенцијата за разузнавање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари