ЈП Паркинзи-Центар

Повластена паркинг карта за тренери и спортисти во Центар

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар Саша Богдановиќ и директорите на спортските клубови КК Работнички, ФК Работнички и РК Работнички потпишаа Договор за деловна соработка, кој ќе им овозможи на тренерите и спортистите од овие клубови олеснето паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ

Договорот е врз основа на одлуката за најновата повластена паркинг карта за тренери во спортски клубови и спортисти – ПКТС. Правото на издавање и користење на оваа паркинг карта го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спортски клуб чие седиште е регистрирано во општина Центар.

Потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување договор за користење на ПКТС се: лична карта, сообраќајна дозвола за патничко моторно возило издадена од надлежен орган, потврда од спортскиот клуб дека лицето е ангажирано како тренер или дека е активен спортист, тековна состојба за спортскиот клуб издадена од Централен регистар, не постара од шест месеци и решение за регистрација на спортски клуб издадено од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Цената за овој вид паркинг карта е: еднократен надомест за издавање 350 денари и месечен надомест за користење 250 денари. Договорот за издавање и користење на ПКТС може да биде со времетраење најдолго до една година.

Корисниците на ПКТС имаат право на користење на конкретното јавно паркиралиште од отворен тип во Зона 1 и Зона 2 за чие користење е склучен договор, во вкупно времетраење од 2 часа дневно. По надминување на двата часа ќе се применуваат општите услови за користење јавни паркиралишта од значење за општина Центар со надомест.

Поврзани

Најнови вести

Коментари