Проект финасиран од Град Скопје

Поставени 8 туристички патоказни табли низ повеќе локации во Скопје

За промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите, Градот Скопје постави 8 (осум) патоказни табли, на осум локации во центарот на градот

Како дел од проектот „Поставување на туристички патоказни табли" поставени се осум столба со по три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

-Поставените покази табли се прв воваков проект кој Град Скопје автономно преку издвојување на сопствени буџетски средства и врз основа на сопствена програма. Град Скопје има предвидено средства и за наредната година и со реализација на таа програма ќе бидат поставени уште показни табли на повеќе локации. Претходно биле поставувани показзни табли , како донации од дршавните органи или други субјекти, па затоа може да се оквалификува како прво самостојно уредување на просторот со сопствени програмски средства, велат надлежните од Град Скопје.

Овие туристички табли се поставени на плоштад „Филип Втори", наспроти црквата „Свети Димитрија", плоштад „Македонија", Спомен куќа на мајка Тереза и Стара скопска чаршија.

Поставена е табла на плоштад „Филип Втори" до Камениот мост, Музеј на Град Скопје, Стара скопска чаршија и Скопско Кале, потоа на плоштад „Македонија" до Ристиќевата палата, Музеј на Град Скопје, Спомен куќа на мајка Тереза и Стара скопска чаршија.

Табла е поставена и наспроти Порта Македонија, Спомен куќа на мајка Тереза, Плоштад „Македонија" и Стара скопска чаршија, потоа наспроти Собрание на РМ, Стара Скопска чаршија, Плоштад „Македонија" и Спомен куќа на мајка Тереза.

Туристичка патоказна табла е поставена меѓу хотелот „Холидеј ин" и мостот, на Плоштад „Македонија", Камени мост и Стара скопска чаршија, потоа на улица „Македонија", кај пешачкиот „Рекорд", Спомен куќа на мајка Тереза, Музеј на Град Скопје и Стара скопска чаршија.

Од Град Скопје информираат дека туристички табли се поставени и на „Улица Македонија", кај пешачкиот на улицата „Даме Груев", Музеј на Град Скопје, Спомен куќа на мајка Тереза и Камени мост.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари