Полицијата откри Бони и Клајд од Македонски Железници

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба".

Пријавената на 24.06.2017 година околу 4 часот, со уште едно непознато лице, од објектот на Јавното претпријатие „Македонски Железници"- Инфраструктура, со качување преку оградата, влегле во магацинскиот простор од каде одзеле шест нагазни шински контакти, 20 куќишта за нагазни шински контакти, 20 постоља за нагазни шински контакти и куќиште со делови за маневарски сигнал, кои што во неколку наврати ги натовариле во возило, со што се стекнале со противправна имотна корист од 375.000 денари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари