По седум години пауза повторно се враќа кружната авто трка во Скопје

Вљубениците во авто-спортот повторно ќе може да уживаат во Скопје, во организација на АКК Примо Авј-Скопје и со поддршка на Агенцијата за спорт и млади, после 7 години успеавме се враќата кружната авто трка во главниот град на Македонија.

-На 21 и 22 овој месец ќе се организира кружната авто трка во Скопје, на старата позната патека, на булеварот од Македонска телевизија до Скопски саем, изјави еден од организаторите.

Тој кажа дека интересот е огромен, како кај публиката така и кај возачите, како што тој вели поради тоа што имало застој од 6-7 години, допринесено е народот да е гладен за автоспортот во Скопје.

-Учество ќе земат повеќе македонски возачи и странски возачи од повеќе балкански држави. Така да, имаме убав викенд пред нас и јас би ја поканил скопската публика да не го испушти овој спектакл што ќе се организира на 21 и 22 октомври, изјави еден од органозаторите.

Натпреварувачите ќе возат по традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев" и улицата „Беласица" пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат во сабота, на 20 октомври, а трките во недела 21 октомври. Двата дена настанот започнува од 12 часот. Во зависност од бројот на учесници, организаторот очекува дека ќе има три дивизии, односно три трки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари