Општина Центар

По 35 години, реконструирана градинката "Корчагин"


Поставени се нови 102 модерни прозорци, како и шест коморни прозорци кои се енергетски ефикасни и заедно со новите 18 поставени врати, градинката сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи

Матичниот објект на најстарата градинка во општина Центар, "Корчагин", по речиси четири децении е реконструиран.

- Децата, во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветчињата беа стари и дотраени, фасадната столарија не беше сменета цели 35 години, при што се губеше голем дел од топлинската енергија и децата не беа соодветно заштитени од студ и провев, велат од Општина Центар.

Од Општината информираа дека се поставени нови 102 модерни прозорци, како и шест коморни прозорци кои се енергетски ефикасни и заедно со новите 18 поставени врати, градинката сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

- Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесувала 121,95 киловат-часови на м2 годишно, а сега 60 киловат-часови, велат од Центар.

Од општината посочуваат дека почитувајќи го начелото на транспарентно работење, заедно со Форумот на заедницата организирале граѓански форум на кој невладините организации и граѓаните изгласале токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката "Корчагин# да биде проект кој треба да биде поддржан.

Половина од средствата за реконструкција се обезбедени од Општина Центар, а другата половина Фондација Отворено општество Македонија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари