МНОГУ ЗАБАВА, МУЗИКА И ПИВО ДО САБОТА

"Пиволенд 2017" отворен со бендот Бона Деа, диџеј Глодарагз и Кодра Транс


Со настап на бендот Бона Деа, диџејот Глодарагз и Кодра Транс вчера на Скопското Кале почна десеттото издание на традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017"

Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Покрај музиката, овој Пиволенд ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот фудбалот.

На годинашниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат и со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе се претстават и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Трибуте то Беѕонце, а за љубителите на фудбалот со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.

Оваа година со одржувањето на Пиволенд започнува и големата летна забава „Супер Скопје", којашто ќе се одржува на повеќе локации низ градот Скопје. На 18. и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие места, на две локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра летна забава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари