Пет тони смет собрани во акција на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило”

Во изминатите седум работни дена​ се одвиваше акција за чистење на Општина Кисела Вода. Четири екипи од по 12 сезонски работници работеа во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија, каде се чистеше на потегот од зградите на улица Антон Попов од бр. 16 до број 24, како и целото блоковско зеленило на улица Вера Јоциќ.

Акцијата продолжува во урбаната заедница Населба Драчево. Досега се собрани околу 5 тони отпад. Доколку дозволат временските услови, од 09 до 11 јануари, за расчистување на сметот во овој дел од градот Општина Кисела Вода ќе ангажира 30 сезонски работници.

„Aктивностите на општина Кисела Вода за расчистување на теренот ќе продолжат и во годината што е пред нас, но повторно сакаме да апелираме за за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат“, велат од Општината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари