„Рециклираме и се наградуваме " во општината Ѓорче Петров

Ослободете се од старите апарати и добијте наградни купони

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „ Елколект" ја спроведува акцијата „Рециклираме и се наградуваме" за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад.

Граѓаните кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, телевозори, правосмукалки својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра во која главни награди се лаптоп, телевизор и правосмукалка.

- Секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен препознатливиот црвен еко магацин на Елколект. Во општината Ѓорче Петров, екомагацините на Елколект се поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково ,а истиот може да биде оставен секоја сабота во неделата. За секој поединечен апарат, учесникот ќе добие по еден купон, а пак одредени видови опрема како големи домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, електричен и електронски алат носат и по два купона. Целта на ваквата акција е подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни за човекот, како и забраната да се фрла овој тип на отпад по контејнери на исто место со комуналниот отпад, велат организаторите.

Почеток на акцијата е 28 ноември, а извлекувањето на наградите е на 19 декември. Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб страните на "Елколект" и општината Ѓорче Петров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари