Општина Илинден обезбеди две нови комунални возила

Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад заради обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството во општината

Возилата се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и ќе бидат презентирани денеска во населбата Илинден.

Клучевите од специјалните возила на директорот на ЈКП „Илинден", Сашо Саздовски, ќе му ги врачи градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари