СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД ИЗГРАДЕН ДВЕ ТРЕТИНИ

Околу 34 км на велосипед може да возите низ Скопје!


Со велосипед може од Гази Баба и Аеродром, но се уште не од Кисела Вода и Бутел, бидејќи рутите 3 и 4 се уште не се готови. Сепак од Град Скопје истакнуваат дека од 51 км планирана велосипедска мрежа изграден е поголемиот дел две третини или 34 км, а наредната година овој проект ќе биде комплетно готов

 

Од почетокот на реализација на проектот Скопје Велоград во 2015 година, досега се реализирании во целост рута 1 и рута 2, додека во тек се работите на рута3 и рута 4, кои се очекува да завршат во текот на наредната година, информираат од Град Скопје. Досега се поврзани насоките од Гази Баба-Центар-Карпош и од Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорчр Петров, а се работат насоките од Кисела Вода -центар-Карпош и од Бутел-Чаир-Центар. Во тек е реализација и на таканаречените конектори кои ќе ги поврзуваат булеварите, а се протегаат во насока исток-запад и нив ги има седум.

-Значи, може да се каже дека досега се изградени околу 2/3 ли 34 км од вкупната мрежа која изнесува 51 километар. Проектот е во целост насочен кон омасовувњето на користење на велосипедоит како транспортно средство, а во таа насока со изведбата на патеките да им се овозможи безбеден, непречен и ефикасна мрежа обележени кои ќе бидат поврзани и достапни за користење на велосипедистите, велат од Градот.

Град Скопје , покрај изведбата на патеките, во соработка со невладините организации има утврдено и унифицирана подлога, бележење и поставување на соодветна сигнализација. Освен тоа, сите патеки се градат според стандарди со кои им се овозможува непречен пристап , спуштање и качување на патеките на велосипедистите без притоа дасе оштетуваат велосипедите и да се прават непотребни застои.

- Град Скопје во последниве неколку години во целост го заокружи и делот на велосипедскиртте патеки на двете страни на кејот на Вардар и тука се отвори широк простор за користење на ова превозно средство за транспортни цели, додаваат од таму.

Бидејќи поголем процент од проектот "Скопје велоград" е реализиран, Градот Скопје одлучи да го прошири проектот преку доделување на субвенции на набавка на велосипеди. Градот Скопје на 13.05.2017 година објави јавен повик за надоместување дел од трошоците при купување велосипед, односно средствата што ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари по лице, изјавија претходно од Градот.

И за 2018 година во градската каса се планирани пари за оваа намена, но колку пари се предвидени се уште не се знае. За 2017 година беа доделени 10 милиони денари со кои се субвенционирани околу 2500 велосипеди. (С.М.)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари