Ограбени казино и аптека во Скопје

Вооружени и маскирани лица синоќа ограбиле аптека и казино на булеварот „Партизански одреди" во Скопје, соопшти МВР.

Триесет и петгодишната С.С. синоќа во 19:25 часот во СВР-Скопје пријавила дека на бул. „Партизански одреди" во аптека на „Еурофарм" непознато лице вооружено со пиштол извршило разбојништво, при што одзел околу 32.000 денари и го напуштил местото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Нешто подоцна, во 21:45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на ул. „Партизански одреди" во казино „Астра" три маскирани и вооружени лица со огнено оружје извршиле разбојништво над вработените во казиното, при што се одземени околу 181.500 денари, а сторителите го напуштиле местото на настанот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари