Ограбена подружница на „ТТК-Банка“ во Струга

Непознат сторител во текот на вчерашниот ден ограбил подружница на „ТТК-Банка“ во Струга.

Како што информираат од МВР, во полицијата во Струга било пријавено дека околу 08:00 часот лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената во објектот на улица „Пролетерски Бригади“, при што разбојникот одзел околу 60.000 денари и го напуштил местото на настанот.

Екипа од струшката полиција извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари