Град Скопје

Одржани првите меѓународни турнири во голбал и шоудан

Во организација на спортското здружение на слепи и слабовидни „Феникс" од Скопје, со поддршка на Град Скопје, во двете училишни спортски сали на СУГС „Михајло Пупин" минатата недела се одржаа првите меѓународни турнири во голбал и во шоудаун во Скопје. На турнирот во голбал учествуваа вкупно 5 екипи, од три држави, односно од Македонија, Србија и од Бугарија

Од Р.Македонија учествуваа: екипата победничката на Државното првенство во голбал од Македонија-Кавадарци, и две екипи Скопје 1 и Скопје 2, од Здружението на слепи и лица со оштетен вид од Скопје, од Р.Србија учествуваше екипата на Напредок од Белград и од Р.Бугарија екипата на Витоша од Софија.

Се одиграа 5 кола, според бергеровиот систем на натпревари, секој со секого и по сите одржани натпревари го добивме следниов редослед: (прво место) Напредок од Србија, Витоша, Бугарија и Кавадарци.

На првиот турнир во шоудан учествуваа 6 натпреварувачи, од кои тројца од Бугарија и тројца домашни натпреварувачки. Турнирот во шоудаун беше од ревијален карактер.
Градот Скопје дедека течае натпревараите обезбеди медицинска заштита со екипа од Црвениот крст на Град Скопје и финансиски го поддржа турнирот со 50.000 денари.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари