Од скопска продавница за техника украден 21 лап-топ

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за течничка стока на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје во периодот од 15 часот на 11-ти до 04.30 часот на 12-ти месецов.

Според информациите од полицијата, сторителот со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел 21 лап-топ компјутери, по што побегнал во непознат правец. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари