Аеродром

Ново паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански"


Ново паркиралиште за велосипеди е поставено во паркот „Јане Сандански" во општина Аеродром, донација на здружението на граѓани „Центар за климатски промени" од Гевгелија

Како што информираат од општина Аеродром, акцијата има за цел поттикнување и олеснување на возењето велосипед, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје.

Активностите се дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година, преку проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина" и е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика мобилитас. Ново паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански"

Поврзани

Најнови вести

Коментари