Ќе дадеш 1.000 евра за квадрат, и...

Новите станови во Скопје се без радијатори. Парно нема, греење само на струја

Многумина купувачи на нови станови се ставени во дилема дали станбеното прашање да си го решат во зграда во која нема изградено оџаци и нема радијатори за приклучок на централната топлификациона мрежа.

Бидејќи, единствена опција за затоплување на станот би им биле клима-уреди или панели (радијатори) на сопствено греење. Со ваков проблем се соочуваат или ќе се соочат купувачите на половина од новите станови во Скопје.

Токму фактот дека цената на станбениот квадрат ги продава становите е водилката на инвеститорите да нарачуваат згради што ќе бидат проектирани без оџаци и можност за централно греење.

Инвеститорите велат дека им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење.

За разлика од кај нас, каде поставувањето оџаци е оставено на воља на инвеститорите, во соседна Србија тоа е уредено со закон. Таму не се поставува прашање дали во зградата има или нема оџаци, туку истата не се дозволува да биде изградена бидејќи инвеститорот нема да добие дозвола за градба ако оџаците не се предвидени во проектот.

Освен тоа дека оџаците кај нас, не се задолжителен елемент на една колективна станбена зграда, отстапки има и за задолжително поставување на помошни противпожарни скали за секоја зграда над шест ката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари