Кисела Вода

Нови трибини на фудбалското игралиште "ССК" во Драчево

Општина Кисела Вода продолжува со инвестициите во изградба на спортската инфраструктура, во насока на подигнување на спортскиот дух и унапредување на спортот на локално ниво

- Оние од Драчево, покрај тоа што се радуваат на спектакуларниот меч помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ќе имаат причина плус за радување, бидејќи денес се изреализира едно нивно барање кое неколкупати го поставуваа до градоначалникот на Општината на средбите во месните заедници. Имено, завршени се градежните активности за изградба на челични трибини на фудбалското игралиште "ССК" во Драчево, велат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода изврши увид во проектот за кој барање имаше и од фудбалскиот клуб "ССК". Изграденото гледалиште ќе овозможи покомфорно следење на спортските натпревари за сите спортски љубители. Истото има должина од 30 метри, со две нивоа, односно со два реда на седишта. Поставени се и пристапни скали. Воедно, градежните активности опфатија и санација на дел од бетонската ограда, како и обнова на дел од гардеробите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари