Гази Баба

Нова канализација и водоводна мрежа на улица бр.28 во Синѓелиќ


Започна изградбата на атмосферската канализација и новата водоводна мрежа на улицата број 28 во населеното место Сингелиќ

Станува збор за проект во чија реализација учествуваат Градот Скопје, Општина Гази Баба и ЈП „Водовод и канализација". Општината ќе го изврши ископот, а монтажата и поставувањето на водоводот и атмосферската канализација ќе го изврши ЈП „Водовод и канализација".

По завршување на изградбата на амосферската и водоводната мрежа, ќе се изврши санација на улицата 28 со средствата коишто Градот Скопје ги издвои за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.

Поврзани

Најнови вести

Коментари