Му ветиле работа во Германија и му украле 80 илјади денари

Во текот на вчерашниот ден, И.М.(32) во полиција пријавил дека од 11-ти до 16-ти месецов бил измамен од страна на лицето Д.К. во врска со претходна објава на „Реклама 5“ за вработување во Германија.

Оштетениот контактирал за работата во Германија со лицето Д.К. при што овој му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка, при што оштетениот направил повеќе трансакции на жиро сметка во износ од 80.000 денари.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари