Уште една жртва на несовесен посетител во ЗОО

Морскиот лав угинал од голтнат камен во желудникот!

По извршената обдукција на морскиот лав, кој што угина на осми февруари, резултатите покажале дека главната причина поради која починал е голтнат, поголем камен, кој бил фрлен во базенот од страна на непознато лице, посетител на Зоолшката градина.

- По угинувањето на морскиот лав веднаш дојдовме во Зоолошката градина, каде беа земени микробиолошоки иследувања и изврешена е обукција при што на крајот на желудникот е забележано присуство на страно тело, погоелм камен, кој го затворил излезниот дел од желудникот и животното не можело да се храни. Вработените во ЗОО го детектирале намалениот апетрит на морскиот лав при што беа преземни мерки, а од усната празнина беше изваден и федер, но не можевме да претпоставиме дека толку голем камен му е заглавен во желудникот, посочи професорката Јована Стефановска од Факулетот за ветеринарство.  (С.М.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари