Малолетници се тепале во Чаир, договориле судир по расправија на социјални мрежи

Две групи малолетни лица се степале на улицата  „Коста Абрашевиќ, откако претходно се расправале на социјалните мрежи.

Од едната страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од другата страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години , сите ученици од основното училиште „7-ми март“.

Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки. До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор.

Се преземаат мерки за  целосно расчистување на настанот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари