Малолетничка избегала кај пријател: Момчето извршило полов напад

Против 24 годишен дечко од Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава за „полов напад врз малолетно лице, без сексуален однос“, откако малолетно девојче преспало во неговиот двор, а претходно било пријавено за исчезнато од страна на нејзините родители.

Мајката на девојчето пријавила дека нејзината ќерка Ј.П. и кажала дека ќе се сретне со познаник на нејзината сестра во близина на „Веро Џамбо“.  Откако се сретнале, според пријавителката, лицето ја однело малолетничката прво под мостот на Вардар, а потоа малолетничката прифатила да ја однесе кај него дома во една скопска населба. Таму во дворот од неговата куќа ја сместил во неисправно комбе и, како што посочила пријавителката, лицето почнало да ја допира по телото и се обидел да има сексуален однос со неа. Наводно малолетничката се спротивставила, по што лицето и го одзело мобилниот телефон и цела ноќ ја држело во комбето. Следниот ден малолетничката се јавила дома и им кажала на родителите дека се наоѓала на меѓуградската автобуска станица. По примената пријава од страна на полициски службеници преземни се мерки за расчистување на случајот. Притоа, извршен е разговор со малолетното лице, за кое е евидентирано дека постоела и пријава за нејзино исчезнување од дома, од страна на нејзиниот татко Б.П. Во разговорот малолетничката изјавила дека поради расправија дома го побарала лицето за да преноќи кај него и дека немало сексуален контакт, освен “бакнување“ и “допирање по градите“. Исто така обезбедено е и лицето кај кое престојувала малолетничката кое го потврдило истото. Направено е и медицинско вештачење. По извршените разговори од страна на ЈО дадени се насоки да се поднесе кривична пријава за “полов напад врз малолетно лице без сексуален однос“ по редовна постапка, информираат од МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари