КУПЕТЕ УШТЕ ПАЈАЦИ: „Пајакот“ кренал 93 возила вчера во Скопје

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Пет лица биле полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Со помош на специјалното возило „пајак" отстранети биле 93 возила.

Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани биле и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.Затекнати биле 76 непрописно паркирани возила.

Поврзани

Најнови вести

Коментари