1.000 ЛУГЕ ГОДИШНО ЗАВРШУВААТ НА КЛИНИКА СО РАНИ ОД КУЧИЊА

Кучињата касаат, никој мува не го лази!

Стануваат ли се поагресивни уличните кучиња, освен што се забележува и дека се повеќе ги има на улиците? Граѓаните велат не е безбедно повеќе, бараат да се донесе закон со кој ќе се реши овој проблем

На влезовите на зградите, во самите влезови, околу детските игалишта, во парковите по улиците, врие од улични кучиња низ главниот град. Граѓаните велат дека веќе им е страв слободно да се движат по улица бидејќи не знаат како ќе се однесуваат дивите кучиња кои веќе ги има во секое ќоше. Некои од граѓаните бараат и да се донесе закон за кучиња, особено по серијата несреќни случаи во кои животот го загубија една девојка, која одбегнувајќи со возилот да не удри во уличарско куче, го изгуби животот, а завчера на скопска клиника почина и четиригодишно детенце кое беше растргнато од кучиња.

- Во градовите повеќе има кучиња од луѓе. Требаше ли до ваква трагедија да дојде и уште колку трагедии треба да се случат, дечиња мали да умрат, пред општините нешто да преземат, коментираат граѓаните.

- Ги имаме во станбената зграда во Ѓорче. Тука спијат и јадат, ми е страв да излезам од зградава, вели една жителка на Горче.

Граѓани од Капиштец, пак, се жалат дека кучиња се вртат околу детските игралишта и таму вршат нужда па после деца си играат и се фаќаат болести.

- Секогаш сум сакал кучиња, ама последниот пат навистина се исплашив. Го шетав пекинезерот и кога ни се навртија огромни кучиња, ќе го изедеа. Јас го кренав и им фрлав на нив леб, а тие упорно со нозете се потпираа на мене. Иако мене не ме каснаа, прв пат се почувствува загрозено, вели Јована од населбата Ченто.

Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека тие работата по Програма донесена и усвоена од Град Скопје. Се работи според програма на Кралската асоцијација на Англија за заштита на животни "Залови, стерилизирај и пушти". Но досега очигледно оваа програма кај нас не дава резултати, бидејќи очигледно е зголеменото присуство на уличарските кучиња. Од ЈП "Комунална" велат дека дополнителен проблем се селските кучиња кои откако ќе снемат храна во селата мигрираат во градовите по храна со што бројот на дивите кучиња никако да се намали. Од таму велат дека во изминатиот период кога беше многу ладно од хумани причини донеле одлука да не заловуваат кучиња.

- Можеби е зголемен бројот на улични кучиња поради фактот што за време на најголемите студови имавме донесено одлука да не се заловуваат кучиња. Заклучивме ако ги вратиме по операцијата на студот назад нема да преживеат. Од хумани причини не ги заловувавме, можеби поради тоа е зголемен бројот. Сега веќе се заловуваат. Во февруари заловивме 161 куче, од кои во стационар 108 се стерилизирани, а од нив 30 се вдомени, велат од ЈП "Комунална хигиена".

Од друга страна велат од јавното претпријатие невладините организации за заштита на животните постојано изнесуваат невистини за третманот на кучињата.

Од таму објаснуваат дека граѓаните пријавувата кога има агресивни улични кучиња.
Доаѓа шинтерска служба, го фаќаат и го носат во Вардариште каде што се ангажирани ветеринари тие вршат проценка ако кучето е премногу агресивно се еутанизира ако е мирно и здраво тоа се стерилизира се кастрира вакцинира од беснило и со ушна маркичка се враќа назад.
Од 2007 до 2016 се заловени 20 илјади кучиња. (С.М.)

Од почетокот на годината 156 пациенти со рани од куче на Инфектологија

Во тек на изминатата, 2016 година на Клиникава за инфективни болести и фебрилни состојби амбулантски се прегледани 926 пациенти каснати од куче, од кои кај 128 пациенти е отпоцната антирабична профилакса или заштита од беснило. Годинава заклучно со 15.03.2017 година каснати од куче и прегледани се 156 пациенти, од кои кај 34 пациенти е почната антирабична профилакса.

Повредите варираат од гребнатина до посериозни крваречки рани. Мегутоа без разлика каква е повредата антирабичната заштита, или заштитата од беснило, и ако има потреба антитетаничната заштита или заштитата од тетанус се спроведува кај сите пациенти според јасно поставена индикација. Обработка и третман на раните се спроведува на Хируршките клиники или оделенија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари