Кривични за тројца разбојници кои краделе компјутери од основно училиште

Три лица, од кои двајца малолетници, добија кривични пријави од СВР-Скопје, под сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, Ј.Ш.(22), Е.Ф. (16), двајцата од село Студеничани и В.А.(17) од Скопје во текот на месец октомври годинава преку прозорец влегле во една од училниците во основното училиште „Наим Фрашери“ во село Студеничани, по што одзеле 60 преносни компјутери и 20 продолжни кабли и го напуштиле местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000 денари.

Во меѓувреме, компјутерите биле вратени во основното училиште „Наим Фрашери“, информираат од МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари