Кривични за двајца вработени од штипскиот Катастар

Штипската полиција поднела кривична пријава против Ј.А.(54) и И.С.(49) од Штип поради постоење сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според информациите од МВР, на 20 април година при уписот во Агенција за катастар на недвижности, на сопственичкото право на правно лице од Штип, извршен бил упис на 176 метри квадратни повеќе од предвидената квадратура во предбележувањето.

Притоа, првопријавениот, како референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности во Штип и второпријавената, како советник за правно катастарски работи и покрај тоа што знаеле  дека предбележувањето на новата состојба не била во согласност и дека квадратурата не се совпаѓала со планираната површина, му овозможиле на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од околу 24.895.200 денари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари