Кривична за 21-годишен скопјанец осомничен за тешки кражби

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против скопјанецот А.Б. (21) поради сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ при што се стекнал со противправна имотна корист од 364.500 денари и причинил вкупна материјална штета од 3.500 денари.

Како што информираат од МВР, пријавениот на 23-ти и 24-ти април и 09-ти декември 2017 година извршил тешки кражби во продавници на улицата „Бојмија“ и булеварот „Јане Сандански“ во трговски центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.

Сторителот ги обивал влезните врати, влегувал во продавниците и одземал пари и други предмети. Во првиот случај, пријавениот со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел пари и неколку пакувања со храна за животни, по што побегнал. Во вториот случај, А.Б. насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лап-топ, еден користен мобилен телефон и тринаесет нови мобилни телефони, по што побегнал. А.Б. бил приведен во Полициската станица Аеродром. Со него бил извршен разговор при што го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Кај него биле пронајдени и дел од украдените предмети, кои биле одземени и вратени на оштетените.

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари