ГЕРИЛА АКЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА

Кој сака леб, има за сите на автобуската кај Порта Буњаковец

Огромна векна леб е поставена на скверот близу булеварот Партизански одреди на автобуската постојка кај Порта Буњаковец

фото Макфакс

Станува збор за герила-акција на млади луѓе, како нивен придонес во борбата против сиромаштијата. 

На транспарентот под векната леб пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5% или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари