Награди за жителите на Гази Баба што ќе го исфрлат електронскиот и електричен отпад

Зад стариот мобилен се крие нов телевизор

Елколект ДОО на жителите на општина Гази Баба, во периодот од 2-ри Мај до 28-ми Јуни, ќе им овозможи да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди ( ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер )

Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

Еко магацините на Елколект во општина Гази Баба се лоцирани на:ул. Лазар Поп Трајков бр. 26 - Автокоманда и ул. 6 - с. Стајковци (во непосредна близина на ОУ. Кирил и Методиј).
Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Гази Баба може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО elkolekt.mk
Како информативен материјал, на целата територија на општина Гази Баба поделени се 5000 флаери и 200 постери за акцијата која треба да се реализира.

Награден фонд: ЛЕД ТВ , фотоапарат Sony DSC W800B, Gigabyte смарт телефон G Class - LTE, Dual Sim, 5.00" HD IPS(1Z80*720 pix), Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи SM626.

Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде се поставени еко магацините на Елколект ДОО на територија на Општина Гази Баба.

За секој отпаден електричен и електронски апарат доставен до еден од еко магаците на Елколект на една од наведените локации ќе добие награден купон за учество во наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ".

Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела.

Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници.

Важно е да се напомене дека одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат и електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт.

Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.

Со помош на Елколект ДОО сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и сл., и истите ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпадод своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од петте вредни награди.

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО  и на веб страната на општината.

Компанијата Елколект ДОО во соработка со општина Гази Баба, ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари