ЈП „Паркови и зеленило"

Ќе се пресадуваат багреми и каталпи

Овој викенд екипите на Секторот за подигање на зеленило на ЈП „Паркови и зеленило„ ќе работат на улица Народен Фронт на пресадување на 14 дрвја (12 багреми и 2 каталпи) кои ќе бидат засадени во Паркот на новинарите спроти зградата на Нова Македонија на Булевар Св.Климент Охридски

Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило", дислокацијата на садниците се врши на барање на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „Балкан Енерџи" по добиено правосилно одобрение за градба издадено од општина Центар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари