КОНКУРС НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ЗЕЛЕНИЛО

Ќе се избира најубаво уреден двор

Скопјани, особено оние кои живеат во куќи ќе имаат единствена можност да се пофалат со своите убаво уредени дворови. Под мотото "Денови на пролетта-денови на екологијата", Град Скопје организира конкурс за избор на најубаво уреден двор. Сите заинтересирани граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија кои сакаат да учествуваат на конкурсот, можат пријавите да ги достават по пошта на адресата Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар "Илинден" бб или во архивата на Градот, или пак на телефонот 3297 273. Пријавувањето за учество почнува од 22 овој месец и ќе трае се до 15. мај. Прогласувањето на победниците за најубав двор ќе биде на 5. јуни на специјална седница на Советот на Град Скопје.

Исто така, покрај изборот за најубаво уреден двор, фирмите може да конкурираат и за категоријата најеколошка компанија. Учениците, пак од основните и средните училишта, можат да се пријават на конкурсот за најубав состав на тема екологија. За најубаво уреден двор се предвидени три награди - индивидуално домување, колективно домување и јавен или стопански објект во износ од по 20.000 денари.

За категориите најеколошка компанија и најголем придонес во областа на заштитата на животната средина се предвидени по една награда во износ од по 30.000 денари, а за најубав состав се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 6.000 денари.

(А.И)

Поврзани

Најнови вести

Коментари