Обезбедени 250 тони сол

Карпош подготвен за снежниот бран

Општина Карпош подготвено ќе ги пречека ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат хидрометеоролозите

За таа цел, локалната самоуправа со буџетски средства обезбеди 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол.

Со обезбедениот материјал и опрема, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на територијата, за кои е овластена Општина Карпош. Посебно внимание ќе се посвети на т.н. „критични точки" спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерез, како и во Козле на улиците Ловќенска 4 и 9 и улицата Илија Плавев.

Останатите магистрални улици кои минуваат низ територијата на Карпош, со соодветна механизација и со соодветни служби ќе ги расчистува Градот Скопје. Инаку, освен камионите од секторот за уредување на градежно земјиште кои ќе бидат опремени со севкупниот материјал на располагање, во состојба на целосна подготвеност ќе биде ставена и единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, за да интервенира доколку тоа е неопходно.

Најнови вести

Коментари